Кој изневери еднаш, ќе изневери пак – флертувањето не е воопшто наивно


Флертувањето не е секогаш невино како што можеби изгледа. Често играњето со оган завршува со прељуба, а последиците можт да бидат доста незгодни. Еве неколку факти кои некои одбиваат да ги прифатат.work flert

Неверството трае

Неверството која вклучува секс за само една ноќ е многу ретко. Повеќето од испитаниците признале дека аферата им траела повеќе од месец дена, додека на останатите им тралеа повеќе од една година.

Неверството се продолжува

Оние кои изневериле еднаш, ќе изневерат пак!  Истражувањето покажало дека 49 % мажи и 55 % жени го сториле тоа само еднаш, 12 % мажи го сториле тоа два пати, а 22 % повеќе од три пати. И жените не заостануваат многу зад мажите: 20 % ги превариле своите мажи 2 пати, 10 % 3 пати, а 15 % повеќе од 3 пати.

Причини за неверството се…

Досадата и монотонијата во врската се главната причина за прељуба за мажите и жените кои учествувале во ова истражување. 32 % жени  и 25 % мажи, прељубници, биле расположени за разговор за сексуалните потреби. А само 27 % жени и 17 % мажи знаат какви се потребите на нивните партнер(к)и.

Прељубниците воглавно се откриваат сами

Повеќето неверни мажи и неверни жени сами си се откриле. Само 3 % мажи и 6 % жени дознале за преварата од трето лице. Останатите, 21 % мажи и 19 % жени случајно откриле за оваа појава.

Неверството не се заборава ниту пак простува

Надежта дека вашето недолично однесување ќе ви биде простено и заборавено е заблуда. 43 % мажи и 61 % жени дури ни после пола година не биле во состојба да опростат, додека 11 % измамени мажи и 20 % измамени жени ги замразеле своите партнери после измамата.

brkajrabota.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1