Шокантна исповед: Жерар Депaрдје се продавал на мажи и ограбувал гробови за да преживее


Во својата автобиографија „Се случи така“ (Ca c’est fait comme ca ) Жерар Депардје открива дека бил уличар, скитник, и откопувал гробови за да го украде накитот од мртовците!

Во оваа книга 65 годишниот актер открива шокантни детали за својот живот. Депардје пишува дека се сеќава дека неговата мајка му раскажувала за обидот да го абортира со игли за плетење. Се обидувала да направи нешто да не го роди детето, но не успеала. Бил толку сиромашни што тој помагал при раѓањето на неговите браќа. На 10 години почнал да скита по улиците, и бргу сфатил дека им се допаѓа на мажи! Gerard Depardieu

– Од многу мал видов дека им се допаѓам на мажите. Ми приоѓаа, бараа секс, а јас им барав пари – вели Депардје.

Тој признава дека му помагал на повозрасен човек да откопува гробови. Од мртовците ги краделе накитот и чевлите. На 16 години поминал неколку месеци во затвор за кражба на автомобил, а потоа се преселил во Франција.

Понекогаш ги ограбувал своите клиенти. Од ваквиот живот бил спасен од хомосексуален трагач по таленти кој му платил да се школува во Париз.

Без влакна на јазикот, Депардје признава дека е никаков родител и не е создаден за семејство – имал 4 деца со повеќе жени, загубил еден син кој исто какп татко му два пати бил затворан поради кражби. Кога децата ќе се пожалеле на неговиот однос, тој им велел – што сакате од мене, променете го презимето слободно!

FILM-BERLIN/

Тој вели дека без проблем може да каже сечиј текст, но во животот кога самиот треба нешто некому да каже – не наоѓа зборови!

Еден од најталентираните актери на денешницата зборува за своите фобии кои го направиле зависен од алкохолот.

–  Опседнат сум од ракетата во себе, чукањето на срцето. Тоа стана фобија. Кога сум сам во хотел морам да се напијам многу алкохол да не полудам од тоа, ако не сум мртов пијан не можам да спијам.

Тој се откажа од француското државјанство и го обвини Оланд дека ја вовел Франција во „гоелма каша“. За пријателството со Путин вели:

– Мислам дека му се допаѓа мојата хулиганска страна и фактот што неколку пати ме собрале мртов пијан од тротоарот… И тој е како мене, кога бил дете никој не верувал дека ќе биде нешто од него…

Депардје редовно му пишува писма на Путин.

– Лесно е. Јас кажувам на француски, еден човек ги отчукува и ги преведува на руски, а потоа пристигаат на масата на Путин. Му пишувам за се. Забавни му се и редовно ми одговара! – вели актерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1