Кој, каде и колку загадува ќе се гледа и на Катастар


Кој и колку го загадува воздухот во секое место на живеење во Македонија од април ќе може да се види на интернет страната на Катастарот.

zagaduvanje1Државната агенција и министерството за животна средина работат на спојување на податоците со што граѓаните и сликовито ќе можат да видат- каков воздух дишат во нивното населено место.

Новата алатка, за актуелниот проблем, Катастарот ја најави во отчетот за сработеното годинава и плановите за следната 2014-та. Меѓу другото првиот човек на Катастарот апелираше граѓаните час поскоро да ги поднесат елаборатите за легалазиција на дивоградбите. Од 350 000 вакви барања, оваа процедура е завршена само за 120 000 предмети. Со оглед на преостанати над 200 000 барања и крајниот рок 18 Јуни, Трпески смета дека 149-те геодетски фирми и математички нема да имаат време да ја завршат работата ако граѓаните не реагираат веднаш.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1