Кој ќе го наследи Зврлевски – Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ дека ќе се кандидира


Додека во Собранието тече седницата на чиј дневен ред е предлогот за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата Јавен обвинител на Република Македонија, веќе се знаат дел од имињата кои ќе конкурираат за тоа место.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ е еден од првите кој јавно за „Плусинфо“ потврди дека ќе се кандидира за нов Јавен обвинител на Република Македонија.

– Амбиции за наследник на Зврлевски немам, не сакам да бидам како него, но да станам јавен обвинител имам. Со години зборувам кога сите молчеа за сето она што не чини во судството и обвинителството. Не постои предмет кој е битен и звучен, а да не сум го застапувал, покрај тоа долго време сум во судството и ги знам и лоцирам проблемите и за разлика од другите зборувам за нив јавно. Ќе поднесам кандидатура, но без разлика кој ќе биде избран, би сакал да биде професионалец и човек којшто имал храброст и зборувал за проблемите и состојбите уште од времето, а не сега – вели Давидовиќ.

Во интервју за „Макфакс“ својата кандидатура ја најави и Александар Наков, актуелен адвокат, а поранешен судија и обвинител. Покрај нив, во медиумите неофицијално како евентуални кандидати се споменуваа и адвокатот Александар Тортевски, како и професорите од Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев и Гордана Бужаровска.

 

На тема избор на Јавен обвинител на Република Македонија вчера во Собранието се предлагаа и законски измени, а се огласи и премиерот Зоран Заев. Пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесоа предлог за измени по брза постапка во Законот за јавно обвинителство. Побараа да се исполнат ветувањата на СДСМ и јавниот обвинител да го предлага опозицијата, но исто така предложија и тој да се избира со двотретинско мнозинство. Мнозинството пратеници го одби предлогот, а Илија Димовски најави дека истиот ќе го поднесат и по редовна постапка.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1