Кој кого нападнал? – еве што за инцидентот со Антонио Димитриевски вели Наумовски


По вчерашната информација дека новинарот Антонио Димитриевски бил нападнат пред работното место од страна на Никола Наумовски на фејсбук се огласи со својата верзија и Наумовски. Еве што тој вели за инцидентот.

nikola naumovski

Дури сега завршив со полиција, извештаи и записници…

Значи, денеска додека лепев налепници по бандери и ѕидови, стигнав и до трансформаторот пред Радио Белизе. Обзирно, почнав да ги лепам од страна на претходно залепените плакати за референдумот за ГТЦ. Тогаш, од внатре излезе и ми пријде Антонио Димитриевски -величенствениот и почна да ми кажува како не сум имал право да го правам тоа, не било убаво и да сум престанел. Нормално, не го послушав, му реков да си се врати на работа и продолжив со лепењето. После тоа ме плукна у фаца и се обиде да ми удри клоца. Се повлеков еден чекор и му ја фатив ногата во воздух, изгуби рамнотежа и падна на грб ко желкаScreenshot_111

После почна да ме брка, но не можеше да ме фати, па почна да ми се заканува дека друг ден ќе ме фател и не знам што ќе ми направел. Па после сфати дека мојот точак е зад него, го зема и почна со него да фрла по мене. И тоа не му успеа, а во меѓувреме дојде владино обезбедување да не раздели, а они повикаа и полиција.

Гледам веќе почнале да објавуваат владините кучиња вести со спротивна содржина, несвесни дека има безбедносни снимки од камерите пред радиото што полицијата веќе ги доби на увид Па уште и ВМРО и МАН реагирале на притисоците врз новинарите!

Одбив да дадам изјава за Телма, иако тоа го бараа од мене, за да не правам драми од случај што завршил без ниедна модрица. Па дојде Сител, ме снимаа, ама не ми земаа изјава. На крај, дојдоа и од МТВ и ми земаа изјава, ама нешто ми кажува дека нема да ја емитуваат

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1