Кој македонец чува 54 милиони долари на швајцарска сметка


Истражувањето покажа дека во швајцарскиот огранок на британската банка ХСБЦ, која им помагала на богатите клиенти да избегнуваат плаќање даноци и да скријат милиони долари има и 9 клиенти од Македонија, кои на 15 сметки имале 164 милиони долари (11% имаат македонски пасош или се со македонска националност).evra

Во банката тајни сметки имале криминалци познати во повеќе земји, корумпирани лидери, политичари и јавни личности. А на листата се и клиенти од Балканот каде највисоко рангирана земја е Македонија, која се наоѓа на 89 место со речиси 164 милиони американски долари вкупна сума, а според бројот на клиентите се наоѓа на 157 место. Девет клиенти од земјава отвориле 15 банкарски сметки во огранокот на HSBC во Швајцарија.

Она што посебно паѓа во очи е податокот од истражувањето дека само на една сметка, лице од Македонија има 54,6 милиони долари.

Сметките на македонските клиенти се отворени во периодот од 1988 до 2006 година. Поради нетраспартеноста на македонските бизнисмени и политичари, многу е тешко да се претпостави кое е тоа лице и дали е со македонско државјанство или пак можеби има двојно државјанство.

Во Македонија се уште не постои официјално рангирање на најбогатите граѓани, што е нормална работа за една развиена земја, а единствено релеватно рангирање е тоа на Форбс, кој богатството на граѓаните во Македонија го мери според јавните податоци за вредноста на акциите кои тие ги поседуваат во фирмите кои котираат на Македонската берза.

Целото истражување ОВДЕ.

Меѓу клиентите има славни личности од спортот, музиката, од Холивуд, политиката. На листата се наоѓаат низа сегашни и поранешни политичари од Британија, Русија, Индија и бројни африкански земји, членови на кралските семејства од Саудиска Арабија, Бахреин, Јордан и Мароко, како и покојниот австриски медиумски тајкун Кери Пакер.
Според Конзорциумот, банката им пружала услуги на луѓе блиски до режимот, меѓу кои поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, поранешниот туниски претседател Бен Али и актуелниот сириски претседател Башар Ал Асад

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1