Кој не труе? „Макстил“ не работи, воздухот во Скопје трипати позагаден


Табелата за загаденоста на воздухот во скопскиот регион со ПМ10-честиците и натаму е над максимално дозволената концентрација. Во последниве 24 часа зголемена концентрација на воздухот со овие честици имаше во Центар, Лисиче, Миладиновци и во Мршевци. Присуството е од 90 до 180 микрограми на кубен метар, што е за два-трипати повеќе од дозволеното.02[29]

Мерењата покажуваат дека загадувањето е над дозволените граници иако „Макстил“ веќе неколку дена не го користи погонот „Челичарница“, бидејќи во тек е имплементирање нова филтерна постројка потребна за да се задоволат европските еколошки стандарди. Во компанијата информираа дека до почетокот на 2015 година овој погон нема да работи, бидејќи треба да биде инсталиран таканаречениот систем за отпрашување.

Најновите мерења само потврдуваат дека „Макстил“ не е главниот проблем за степенот за загадување во главниот град.
На тоа укажаа и претставници на Движењето на екологисти во Македонија (ДЕМ), кои неодамна се уверија за напредокот на изградбата на системот за отпрашување во „Макстил“. Претседателот на ДЕМ, Ѓоко Зороски, осврнувајќи се на проблемот со загадувањето на Скопје, рече дека не треба да се заборава влијанието на голем број фактори.

– Ние сме свесни дека загадувањето доаѓа од многу фактори, пред сѐ мобилни извори, а тоа се најмногу автомобилите. Исто така, голем број граѓани се греат на дрва, како извор на енергија, и тоа е уште еден причинител за штетните честици во воздухот – рече Зороски.
Тој додаде дека големо влијание има и климата во Скопје. Географската локација на Скопје е таква што создава неповолни услови во циркулацијата на воздухот.

– Се надевам дека имплементирањето на овој процес во „Макстил“ ќе биде пример и за другите и дека и тие ќе одат по чекорите на оваа челичарница – рече Зороски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1