Кој политичар носи најскап часовник?


Часовникот се смета за статусен симбол во регионот многу политичари се закитени со прескапи часовници, но има и такви кои воопшто не носат часовник како српскиот претседател Николиќ. Најскап часовник пак носи Мило Ѓукановиќ, пишува српски Блиц.

318901_satovi-01_fputin saat„Со носењето скапоцени часовници политичарите покажуваат дека тие ги сметаат за статусен симбол. Дел од нив се сметаат за поважни во општеството доколку имаат поскап или поголем часовник.

Како поевтините часовници да не покажуваат точно време“, изјавил за Блиц психологот Жарко Требјешанин.

Рускиот претседател Владимир Путин има колекција од часовници вредна над половина милион евра. Во последно време носи „леман граде дејт“, чија цена е 10.500 долари. Во неговата колекција има и „ланг енд зоне“, кој чини дури 400.000 евра.

Берлускони пак има „константин вакерон“, вреден 540.000 долари. А часовникот на Барак Обама е стар 15 години и чини скромни 600 евра.

Putin_Berlusconi_watchmilo

tito brajЕкс хрватскиот премиер Иво Санадер си имал силна колекција на скапи часовници – вкупно околу 190.000 евра.

И нормално неможе да се заборави Јосип Броз Тито, кој носел „брајтлинг“ од 300.000 долари.

Часовник кои сега се вбројува меѓу украдените предмети од вилата на Јованка Броз на Дедиње, која беше ограбена минатата недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1