Во последно време постојат многу загрижени родители, бидејќи честа појава стана некој да им ги краде фотографиите од нивните деца. Притоа родителите фотографиите ги објавувале на нивните Фејсбук профили, а по одреден период можеле да ги видат на други профили.
Еден од нив напишал дека е многу вознемирен бидејќи некој „болесник“ ги преземал фотографиите од неговото дете и ги поставил на неговиот профил.
Имено, истиот човек објаснува дека на една страница на Фејсбук имало фотографии од неговото но и од многу други деца, а родителите не се согласуваат со тоа. Па, загрижените родители бараат страната да биде отстранета.
Но вистината е многу едноставна. Па, како тоа функционира? Фејсбук ги сортира сите фотографии кои се јавни, ги анализира нивните описи и ги користи таму каде што му одговара.
Во склад со различните подесувања има различна приватност на страните кои ги креира Фејсбук. Па, затоа можеби и никогаш нема да видите дали на некоја страна на Фејсбук има ваша фотографија.