Кој ви ги краде фотографиите од фејс?


Во последно време постојат многу загрижени родители, бидејќи честа појава стана некој да им ги краде фотографиите од нивните деца. Притоа родителите фотографиите ги објавувале на нивните Фејсбук профили, а по одреден период можеле да ги видат на други профили.

fejs33Еден од нив напишал дека е многу вознемирен бидејќи некој „болесник“ ги преземал фотографиите од неговото дете и ги поставил на неговиот профил.

Имено, истиот човек објаснува дека на една страница на Фејсбук имало фотографии од неговото но и од многу други деца, а родителите не се согласуваат со тоа. Па, загрижените родители бараат страната да биде отстранета.

Но вистината е многу едноставна. Па, како тоа функционира? Фејсбук ги сортира сите фотографии кои се јавни, ги анализира нивните описи и ги користи таму каде што му одговара.

Во склад со различните подесувања има различна приватност на страните кои ги креира Фејсбук. Па, затоа можеби и никогаш нема да видите дали на некоја страна на Фејсбук има ваша фотографија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1