Кој вози пијан , ја губи возачката на самото место – Ирска донесе нов закон


Ирска донесе нов ригорозен закон против возење во алкохолизирана состојба , кој стапува веднаш на сила.

Според законот , секој што ќе биде фатен од полицијата дека вози под дејство на алкохол , веднаш ја губи возачката дозвола.

Според министерот за транспорт на Ирска , Шан Рос,законот стапува на сила ноќеска на полноќ. ,,Малку нешта се поопасни од возење во пијана состојба “ , вели министерот. Според новиот закон , веднаш откако полицијата ќе утврди дека некој вози пијан , му ја зема дозволата на три месеци и го исклучува возачот од сообраќај на самото место.

До сега Ирска имаше систем на казнени бодови , но поради зголемениот број жртви на сообраќајни несреќи предизвикани од пијани возачи , се реши на построг закон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1