Иркињата Мери Дауни (22), која живее во Њујорк, паднала на шините во подземната станица на Тајмс Сквер, но сепак успеала да преживее здобивајќи се само со фрактура на рамената, пренесува Sky News.
Кога се случил инцидентот Дауни испила огромно количество на алкохол и поради тоа изгубила рамнотежа и паднала на шините. При самиот пад девојката го скршила рамото, а кога сфатила дека нема да може да стане, одлучила да легне меѓу шините. Најпрво еден воз поминал преку неа, а потоа и уште еден. Кога третиот воз започнал да се приближува, Дауни ја подигнала раката и му мафнала на машиновозачот, кој иако ја видел не успеал да го застане возот и преминал преку неа.
Брзата помош ја пренела девојката во најблиската болница, за само после неколку часа да ја пуштат на домашна нега само со завиено рамо.