Педесет и шест процени од осум годишните деца пијат безалкохолни пијалоци дневно, а една третина од тинејџерите пијат најмалку по три лименки дневно. Повеќе од 15 милијарди галони биле продадени во 2000 година. Не само што безалкохолните пијалоци се достапни насекаде, во рестораните за брза храна, во продавниците, но истите се продаваат во 60% од сите јавни и приватни средни училишта и средни училишта
Колку се здрави ваквите пијалоци со големи количества на калории, шеќери и кофеин, а притоа без никаква хранлива вредност?
Што се случува доколку ги конзумирате уште во раната возраст?
Дебелината, расипувањето на забите, зафисноста од кофеин, слабеењето на коските, но дали пиењето на газирани сокови навистина ги предизвикува сите овие работи?
Следниве состојки се некои од повеќето значајни во Кока Колата и Пепсито.
Аспартамот
Аспартамот е вештачки засладувач што се смета за еден од најопасните прехранбени адитиви од страна на здраствените експерти. И покрај значителното количество на контроверзност, аспартамот често се поврзува со ракот, невролошките заболувања, вклучувајќи ја и Паркинсовата и Алцхајмеровата болест и многу долга листа на други состојби, со не така пријатни симптоми.
Голем дел од контроверзиите околу аспартамот се поткрепени со корпоративниот интерес. Во доцните 1990-ти, доктор Ралф Валден се покажал како значаен во влијанието со спроведувањето на рецензијата на 165 студии кои беа на располагање во тоа време и беа поврзани со безбедноста на аспартамот за луѓето.
Од овие студии 74 беа финансирани од страна на корпорациите со финансиски врски со аспартамот, додека други 91 беа финансирани од страна на независни извори. Сите истражувачи кои имале финансиски врски со аспартманот сметаат дека истиот бил безбеден по здравјето на луѓето, додека останатите 92% сметале поинаку.
Ацесулфам Калиум
Ацесулфамот калиум, често се нарекува ацесулфам К и е уште еден вештачки засладувач што само ја зголемува популарноста. Но, факт е дека истиот покажал рак и зголемена инсулинска продукција кај животните.
Acesulfame Potassium
Coke Zero | Diet Coke | Pepsi Max | Diet Pepsi | |
Acesulfame K | 46 mg | 0 mg | 32 mg | 0 mg |
Aspartame | 87 mg | 187 mg | 123 mg | 177 mg |
Калиум бензоат
Калиум бенозат е храна конзерванс што се користи за да се спречи растот на квасецот, мувлата и бактериите.
Може да има големи негативни последици поради потенцијалот да формира бензен кој се комбинира со витамин Ц. Долгорочната изложеност на бензенот може да предизвика рак, анемија, потиснат имунитет, нередовна менструација и неплодност.
Тргување на еден проблем за друг
Најголемата разлика меѓу Кока-Колата Зеро, Диеталната Кока Кола, Пепси Макс и Диеталното Пепси е воведувањето на засладувачот К ацесулфам и намалувањето на аспартамот.
Ацесулфам Калиум
Иако ацесулфамот К се чини дека е многу помал ризик од аспартамот, сепак прашањето околу безбедноста сеуште е отворено, а тоа само придонесува за две потенцијално опасни вештачки засладувачи наместо една.
Факторот Макс
Покрај тоа што е нула калоричен газиран пијалок, Пепси Макс е исто така се продава со зголемено количество на кофеин. Додека кај обичните Пепси, постои 38 милиграми кофеин, кај Пепси Макс има 69 милиграми.
Исто така постои и дополнителна состојка на „ginseng“ која претставува природен хербален додаток кој се користи за промовирање на подобро ментална и физичка функција.
Ниту кофеинот ниту „ginseng“ некогаш ќе ви овозможат долготрајно избалансирано чувство на енергија, која може да резултира со оптимално здравје. Кофеинот на крајот може да резултира со замор, надбубрежен замор и полошо здравје.
Уште една осомничена состојка во Пепси Максот е Калциум динатриум кој најчесто се користи од страна на здраствените професионалци за да им помогне во отстранување на вишокот метали како што се живата, оловото и железото од телото. Според Пепси, истиот се користи за да се заштити вкусот. Но, вистинската причина зошто истиот се користи е за да се намали ризикот од бензен, односно формирање на бензоат стабилизатор.
Дебелината
Една од последните независни рецензирани студии покажува силна врска меѓу содата и дебелината од детството.
Објаснувањето на механизмот со кој содата може да доведе до дебелеење се уште не е докажан, иако наводите силно покажуваат дека тоа е така.
Веќе долг период се претпоставува дека содата која има високо калорично ниво и шеќер, а малку хранливи материи може да доведе до дебелеење. Но, досега нема цврсти научни докази за да го поткрепат овој факт.
Британско медицинско списание водено од страна на истражувачи ги претставиле првите докази кои ги поврзуваат газираните пијалоци со дебелината од детството.
Тие откриле дека 12 годишници кои пијат безалкохолни пијалоци редовно, се со поголема веројатност да се здебелеат отколку оние кои не конзумираат.
За секоја дополнителна дневна доза на конзумација на засладен безалкохолен пијалок, ризикот од дебелина се зголемува за 1,6 пати. Истражувачите откриле дека учениците кои пиеле газирани пијалоци, конзумирале дневно 200 пати повеќе калории отколку нивните врсници кои не конзумирале.
Расипување на забите
Дури и индустријата на газирани пијалоци признава за ваквиот здраствен ефект од нивниот производ. NSDA во внимателно формулирана изјава вели дека потрошувачката на шеќери само по себе нема никаков негативен ефект, освен забниот кариес. Здружението правилно забележува дека безалкохолните пијалоци не се единствената причина за расипувањето на забите.
Всушност многу слатката храна, од овошни сокови на бонбони, па дури и сувото грозје и друго суво овошје, може да предизвикаат расипување на забите.
Па тука сосема нормално се поставува прашањето колку шуплини во забите треба да се појават кај луѓето кои што конзумираат вакви пијалоци, за разлика од оние кои не конзумираат? Ова е прашањето кое што си има свои компикации.
Федерална финансирана студија на речиси 3200 Американци од 9 до 29 години спроведена во периодот од 1971 до 1974 година покажала директна врска меѓу забите и безалкохолните пијалоци. Бројни други истражувања го покажале истиот ефект, а биле спроведувани низ цел свет од Шведска до Ирак.
Шеќерот во содата не е единствен кој што ги оштетува забите. Тука се и киселините кои што можат да предизвикаат забен глеѓ и кариес. Киселината почнува да го растворува забниот глеѓ за само 20 минути, е соопштено од страна на стоматолошка асоцијација од Охајо.
Кофеин – Зависност
Стимулативноста и зависноста на кофеинот во содата е добро документиран, особено ефектот кој што го има кај децата. Ефектите од истиот се блага главоболка, благо покачување на крвниот притисок, раздразливост и можеби некои стомачни проблеми.
Со ови симптоми се согласува и самата индустрија на газирани пијалоци, но официјалните лица наведуваат дека постои широка варијација на тоа како луѓето реагираат на кофеинот. Едноставно решение за индустријата е да се избере лимонада којамвоопшто нема кофеин во нив. Исто така се согласуваат на етикетите да пишува дека производот поседува кофеин и неговата количина.
Што се однесува до пијалоците, 12 унци кофеин постои во Кока Колата, за разлика од 42 милиграми односно седум пати повќе во Кока Кола Класикот. Ист е и соодносот и на Пепси пијалоците.
Од иднустријата велат дека малите количини на кофеинот, кој го загорчува, всушност и го подобрува вкусот.
Слабеење на коските
Анималните студии покажуваат дека фосфорот е честа состојка во содата и може да ги осиромаши коските од калциум.
И двете неодамнешни направени студии покажале дека девојките кои пијат повеќе сода се склони на скршеници на коските. Индустијата на пијалоци пак ја негира ваквата состојба.
Анималните студии каде што биле тестирани стаорци, јасно го покажале конзистентното губење на коскената маса, со употреба на пијалоците на Кока Кола. Но, како што тврдат научниците, финансирани од индустријата на безалкохолни пијалоци, глувците и луѓето не се исти.
Сепак ваквите тврдења се негирани уште во 1994 година од студија направена од истражувачи од Харвард, кој пронајдоа силна поврзаност помеѓу пијалоците на Кола и фрактурите на коските кај 14 годишни девојки.