Кока Кола ќе мора да стави на етикетата предупредување за РАК?


Во јануари, во државата Калифорнија, на листата на хемикалии кои предизвикуваат рак, беа ставени состојки кои се користат во пијалоци, нешто од што се крена голема прашина во прехранбената индустрија во САД. Според голем број на извештаи, Кока Кола, Пепси, па дури и целата прехранбена индустрија има обврска да ги предупреди потрошувачите, обележувајќи на етикетите дека нивните производи содржат хемикалии кои можат да предизвикаат рак.

coca-cola2Една од хемикалиите која што може да предизвика рак е 4-methylimidazole или 4-MI, биопродукт формиран во една боја на карамела, додаток кој најчесто се користи во преработените кола пијалоци. Според Центарот за наука и јавен интерес, карамела бојата се произведува со помош на амонијак, или амонијак-sulfites кој оздава (2-methylimidazole), кои се покажале како канцерогени.
CSPI минатата година поднесе петиција до Американската и Лекарска администрација (FDA) да се отстрани ваквата боја на карамела, која е небезбедна, нешто кое што (FDA) го одби.
Сепак во Калифорнија не мислат на ист начин, па со мнозиснтвото на гласови изгласа да 4-MI се најде на листата на токсични супстанци кои што се наоѓаат во секој Калофорниски напиток.

Coca-Cola Post Strong EarningsКако резултат на тоа сите корпорации кои произведуваат пијалоци мора да го променат начниот на кој што ги прават пијалоците, односно начнот на производство на супстанцата со боја на карамела, со цел да го одржат нивото на 4-MI но под границата на дозволеното.
Во тој процес тие мора да излезат јавно и да потврдат дека 4-MI не е опасен и дека со менувањето на формулите на пијалоците нема да се промени вкусот, бојата или конзистентноста на своите пијалоци.

Image: couple walks by Coca-Cola signВо 2008 година беше објавена студија во списанието Архива на Токсикологија, кое докажа дека 4-MI е токсично и дека истото е поврзано со предизвиквуање на клонични напади, хиперактивност, хронично воспаление, масни промени во црниот дроб, карцином, леукемија и др. Во изјава за јавноста, Кока Кола негираше дека 4-MI е канцероген и отворено најави дека e научно неосновано да 4-МI може да предизвика рак.
Во извештајот на CSPI пак на доктор Пепет Снапл е откриено дека количинте на 4-MI се одговорни за предизвикување на рак на 15,000 случаи на годишно ниво во САД.

Извор – Индипендент 

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1