Побарувачката за газирани, со вештачки вкус и шеќер полни пијалоци, е во опаѓање, па патот за профитабилност, Кока Кола се повеќе го бара врз создавање на нови пазарни брендови кои ни ги претставуваат како поздрави алтернативи.
Bloomberg.com во своите извештаи пишува дека продажбата на Кока Кола сега се насочува кон брендовите како Honest Tea, Powerade, и Simply Orange, кои планираат да ги направат еден вид на нов центар за профит. Но, проблемот се јави кога во октомври минатата година во јавноста излегоа на виделина извештаи од финансирањето на кампањата, во која Кока Кола тајно придонела со повеќе од еден милион долари во борбата против ГМО етикетирањето во Вашингтон на своите производи. Без никој да знае Кока Кола финансирала да се спречи на ГМО производите да им се наложи да пишува на етикетите дека се ГМО.
На државното јавно обвинителство му било потребно да ја тужи Grocery Manufactures’ Association (GMA) за да на крај испадне дека е откриена 11 милиони долари, сума со која се прекршил законот со финансиската кампања, така и се открија тајните допринеси. Но сега кога вистината се разоткри, некои од илјадниците активисти за здрава исхрана го возвраќаат ударот.
Ендру Кимрел, основачот на Центарот за безбедна исхрана вели: „Конзументите на здравите пијалоци, сакаат да знаат што се има во нивната храна. Со користењето на парите од продажбата на природните брендови, тајно се финансира анти етикетирањето кое ги лишува потрошувачите да ги имаат вистинските информации за она што го конзумираат. Coca Cola го предаде јавниот интерес. Ние во Food Revolution Network лансиравме петиција до Change.org која бара од Coca Cola да го спречи финансирањето на анти-етикетирањето на ГМО кампањите.
Извршниот директор на Coca Cola, Мухтар Гент вели дека „Ние обезбедивме огромен избор на луѓето. Но, кога станува збор за правото да знаат дали храната која што ја конзумираат е генетски изменета, Coca Cola сака да ве држи во темница.
Според извештаите креаторот на Honest Tеа Сет Голдман во септември, тој истакна дека по интерните дискусии, Coca Cola директно не влијае во финансирањето за да го порази I-522. Очигледно Coca Cola наводно преку перењето на пари преку Здружението на производителите, ќе ги задржи своите дејствија во тајност.
Honest Tea по се изгледа и не е толку искрен кога има цел да ве лиши од информациите дека вашата храна е генетски модифицирана. За работите да бидат уште полоши, Honest Tea гордо изјавува низ својот веб сајт дека тие не користат ГМО, а во исто време нивната матична компанија активно работи за да го спречи етикетирањето на ГМО.
„Ги прашав Coca Cola дали имаат намера да го продолжат финансирањето на анти етикетирањето на ГМО кампањата. Одговорот од компанијата беше дека станува збор за поени за анти лоби етикетирање. За иницијативата за етикетирање во I-522 ќе бидат потребни илјадници пакети на храна и пијалоци да го променат изгледот исклучиво во државата Вашингтон, освен ако не почнат да се продаваат по повисоки цени, со специјални развиени состојки. Мерката за зголемените цени на намирниците ќе го отежне буџетот на едно просечно семејство во Вашингтон за стотици долари на годишно ниво.
Ова се обвинеинија кои деветкратниот добитник на Пулицеровата награда весникот Сиетел Тајмс ги нарече „претежно лажни“ и дека Потрошувачката Унија, во своите извештаи категорично ги отфрли. На кратко Coca Cola не само што се обиде да го затскрие својот придонес во напорите против етикетирањето во Вашингтон, туку тие продолжуваат да се обидуваат да ги измамат луѓето за вистинската реалност на етикетирањето на ГМО. И тие ги користат во продажбата на Honest Tea, Odwalla, Powerade, Vitamin Water, Simply Orange, и останатите брендови за да ја финансираат нивната агенда. За среќа вие не мора да паднете на нивната измама.
www.foodrevolution.org
worldtruth.tv
Петиција против учеството на Кока Кола во заштита на ГМО – Check out and sign the petition here.