Отворена е истрага за наводите за рекетарство, уцени и перење пари за т.н. Коки и Кики, псевдоними за сопственик на една телевизија и еден политичар од власта, информирање премиерот Заев на седницата за пратенички прашња. На прашање на пратеникот Милошовски, тој објави и дека мета на двете лица била градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, од која се барало одобрение за градба на Дом за стари лица. Коки и Кики се измислени имиња за вистински луѓе, кои ги објави новинарот Бранко Геровски.
Советниците на премиерот повторно тема во Собранието. Специјалниот советник за Франција, Љупчо Зафировски живее во Скопје, а е платен како да живее во Париз, обвини Милошовски. Премиерот, пак, тврди дека тој често патувал во Франција за средби со тамошните власти.
По дводневната дебата за разрешувањето на министрите и двојната функција на премиерот Заев, тој рече дека ќе биде в.д. министер за финансии до формирање на техничка влада на 100 дена пред следните парламентарни избори. Рече дека нема намера да биде дел од таа влада.