Јанакиевски и уште седуммина осомничени добија притвор


Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, нотарите и државната правобранителка Емилија Радојкова добија 30 дена притвор.

Основниот кривичен суд во Скопје информира дека за осум осомничени лица опфатени со најновата истрага на Обвинителството за гонење организиран кирминал и корупција определил 30 дневен притвор. Меѓу нив се ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, службеникот во Министерството за транспорт, Димитар Димовски, двајца нотари и државната правобранителка Емилија Радојкова.

„Постапувајќи по предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор на лицата: М. Ј., А. Ј., Е. Р., М. Ј., Д. Д., В. С., Д. М., и Л. С. На лицата Б.Д. и С.К. им определи мерки на претпазливост. За М.Ј. и Е.Р. се исполнети условите од точка 1 и 2 опасност од влијание, а за останатите осомничени, сите 3 точки“.

Против овие решенија осомничените имаат право на желба.

„Станува збор за склучување договори за оттуѓување земјиште во сопственост на РСМ, во кои договори се предвидени договорни обврски во однос на исполнување на обврските од страна на изведувачот, но тие обврски понатаму не се испочитувани. Било предвидено реален товар да се воспостави, односно да се обезбеди државата, како што се прави впрочем и во секој договор, а таквото нешто е прикриено. Реалните товари не се солемнизирани, односно не се прикажани во актите за солемнизација, со што, всушност е нанесена штета на РМ и не е предвидено раскинување на договорите и земјиштето не е вратено во сопственост на РМ“, појасни попладнево обвинителката Ивана Трајчева за истрагата на Обвинителството.

Претходно две од десетмината осомничени, кои утринава беа уапсени по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, добија мерки на претпазливост место притвор. Како што информира обвинителството, во текот на денешниот ден, откако осомничените дадоа искази пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот обвинител кој постапува во предметот за две од осомничените лица го повлече предлогот за определување на мерката притвор. Тој му предложил на судот за нив да бидат определени мерки на претпазливост.

По налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беа уапсени 10 лица, а по едното полицијата се` уште трага. Десетмина се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, а едно лице за несовесно вршење на службата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1