Колаче со порака му предвидело ќе добиеш на лото – добил милион (Видео)


fortune-cookie-lotteryМожеби отсега ќе почнете да ги сваќате колачињата со пораки многу посериозно, откако ќе слушнете за сторијата за тројцата пријатели од Аљаска кои добиле еден милион долари награда, а неколку дена претходно, истото, едниот од нив го прочитал во пораката во едно колаче.

Станува збор за Кенет Вилсон, Станфорд Вотсон од Макон, и Џејмс Сколс, од Северниот Пол, Аљаска кои успеале да ја освојат наградата од 1 милион долари на „Powerball“.

E5985F41212DF45F7B863B143CC97_h316_w628_m5_cFmkhyKoQ

„Пишуваше дека ќе освојам на лотарија“, изјавил 56 годишниот Сколс. Тој го отворил колачето на 15 март. И двајцата претходно направиле пакт, во кој се договориле дека, доколку некој од нив добие на лотарија, парите ќе си ги поделат. На 16 март, Вилсон го гледал извлекувањето и потоа ги известил останатите.
„Јас бев само еден вид на тикет за нив, исто како што бев и за мене. Имавме вербален договор кој сметав дека треба да го испочитувам докрај“, изјавил Вилсон за тамошните медиуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1