Колачите што го полудеа светот – Рецепт за Cronut (Фото)


Пекарот Доминик Ансел кој го измисли овој десерт, неодамна мораше да го заштити името бидејќи се прошири низ интернетот и многумина почнаа да го копираат низ Америка. Се започна кога се обидувал да направи новина и експериментирал со она што најдобро го знае – француски кроасан и американска крофна – резултатот е cronut.
143-660x300Откако прв пат ги послужил веста мослкавично се ширела низ Њујорт а пред пекарницата имало редови за да купат од овој десерт – се чекало и по 2 часа.bop0vcdccaaz8v_Со оглед на фактот дека пекарница правела само 300 парчиња дневно, дури мораше да воведат ограничувања на две тортички по лице. Торта чини $ 5, а имало и случаи кога купувачи се обиделе да ги купат давајќи и по 30 долари
Што е cronut?Тортичката што предизвика хистерија е ниту крофна ниту кроасан, но комбинацијата на двата познати деликатеси, француско лиснато тесто  и крофна тесто, крем полнење и слатка глазура.
Еве како да ја направите дома оваа интересна тортичка по која полуде светот.

Состојки:

За тесто:

250 мл топло млеко

1 лажица сув квасец

1/3 чаша шеќер

2 јајца

1 лажица ванилин шеќер

Cronut

2 ½ чаша брашно

1 кафена лажичка сол

1 чаша путер на собна температура

За прелив:

½  чаша шеќер во прав

3 лажици јаворов сируп или мед

1-2 лажици млеко, павлака или вода

kro-krofne-7Во поголем сад се меша млекото и квасецот и се чека да втаса. Додадете шеќер, јајца и ванила, па добро измешајте. Додадете една чаша брашно и сол, па постепено додавајте  брашно мешајќи и месејќи го тестото неколку минути, додека не стане меко и еластично.

Преместете го тестото во сад и покријте го со пластична фолија, па ставете го во фрижидер 30 минути. во меѓувреме изматете го путерот и преостанатото ¼ брашно со миксер неколку минути додека се изедначи.

Кога тестото ќе се олади префрлете го на маса поросена со брашно и растегнете правоаголник со димензии 33х46 см и дебелина 1 см. Премачкајте го тестото со путер и превиткајте го на 3 дела, еден врз друг. Покријте со пластична фолија и повторно ставете го во фрижидер уште 30 мин.

kro-krofne-6

kro-krofne-2

Кога ќе го извадите повторно развлечете го во правоаголник со истите димензии и превиткајте го на три дела како и првиот пат. Повторно вратете го во фрижидер. Повторете го ова уште два пати за да добиете повеќе слоеви. Значи, вкупно треба да ја повторите постапката 4 пати и тестото да отстои во фрижидер 4 пати. Кога ќе завршите со слоевите ставете го тестото повторно во фрижидер, но еден час или во текот на ноќта.

kro-krofne-5

kro-krofne-4

Тестото е веќе подготвено за печење. Разлечете го во слој со дебелина 3-5 см, па со чаша вадете крофни.

kro-krofne-3kro-krofne-1

Во длабок сад добро загрејте го маслото како за обични крофни. Додадете ги крофничките во врелото масло и пржете од двете страни се додека не добијат златно-кафена боја.

Се служат топли со прелив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1