Колегите на беровскиот професор: „Не беше депресивен, не веруваме дека се самоубил“


Беровската полиција смета дека 31-годишниот професор Делче Б., кој две години им предаваше на учениците во основното училиште „Никола Петров Русински“ во родното село, се самоубил.

Но неговите пријатели и колеги не веруваат дека тој се самоубил, тврдејќи дека тоа е невозможно, пренесува Плусинфо.policija sredna

Во полицискиот извештај кој в понеделник ќе го добие и беровскиот јавен обвинител стои дека пред пет дена професорот мистериозно исчезнал откако отишол да си ги види двете деца кои се кај сопругата, која пред извесен период се вратила во родното струмичко село откако судски се разделиле.

Неговите пријатели велат дека градел нова куќа. Била лепенка со татковата, каде живеел и брат му. Во новата куќа, тврдел Делче дека ќе живеел заедно со дечињата и со сопругата, со која имал недоразбирања, ама бил убеден дека се ќе се реши и дека таа ќе се врати.

Но, кога Делче Б. се вратил во Русиново не се знае. Чудно е, велат истражителите како никој не го видел кога дошол во селото. Бидејќи немало абер каде е, најблиските пријавиле во полиција.

Четири дена се трагало, се додека негов најблизок не видел свежа земја под скалите од семејната куќа. Подоцна се открило дека тука е закопано телото на професорот.

Неговите најблиски и колегите не веруваат во начинот како настапила смртта кој го објави полицијата и сметаат дека тоа е невозможен чин.

– Ниту Худини не можел да го направи тоа што го тврди полицијата за смртта на нашиот колега. Полицајците рекоа дека Делче сам го ископал гробот под скалите. Сам ја затворил дупката со штици и пур пена, а нозете претходно си ги залепил со пур пена. Потоа испил три шишиња со отровна киселина, па легнал и се покрил со малку земја. Сето тоа да го изведеш е невидена работа. Неговата смрт е пострашна и од филмско сценарио и ние не веруваме во тоа. Делче беше многу добро момче. Ни кажуваше за брачниот проблем кој го имаше, но ниту пиеше, ниту беше депресивен. Напротив. Пред некој ден најави и голема прослава дека ќе организира за одличниот успех кој го постигна при полагањето на стручниот испит. Велеше дека и тој не си верувал дека ќе биде толку добар и беше многу среќен, рекол негов колега од селското училиште за порталот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1