Делото шпионажа според македонскиот кривичен законик е опишано во членот 316. Според него, за најтешки дела, ако се докажат следува доживотна казна затвор.
Според став 1 тој што државната тајна ќе ја соопшти, предаде или ќе ја стори достапна на странска држава, организација или на лице кое им служи, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
Според став 2 тој што за странска држава или организација ќе создаде разузнавачка служба во Република Македонија или ќе раководи со неа, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
Според став 3 тој што ќе стапи во странска разузнавачка служба, ќе прибира за неа податоци или на друг начин ќе ја помага нејзината работа, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Според став 4 тој што прибавува тајни податоци или документи со намера да ги соопшти или предаде на странска држава, организација или на лице кое им служи, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Според став 5 ако делото од ставовитс 1 и 4 е сторено за време на војна или непосредна воена опасност или предизвикало тешки последици за безбедноста, економската или воената моќ на Република Македонија, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.
Според став 6 како државна тајна се сметаат податоците или документите што со закон или со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон, се прогласени за државна тајна и чие откривање имало или можело да има штетни последици за политичките, економските или воените интереси на Република Македонија.