Колкаво богатство имаат главните попови и оџи во земјава


Просечен стан, куќа добиена како наследство, автомобил од постара генерација и примања од плати или пензии е сиот имот со кој располагаат духовните водачи на верските заедници и религиозни групи во земјава. Има и такви кои с` уште си живеат во стан под кирија. Но, ова најмногу важи за духовниците што се на чело на помали религиозни групи и кои деновиве одговорија на прашањата во мини-анкетата што ја спроведе „Дневник“ со цел да добие одговори од првите луѓе на поголемите верски заедници и религиозни групи за тоа со каков и колкав личен имот располагаат.

popОд двете најголеми верски заедници во земјава – Македонската православна црква и од Исламската верска заедница – не добивме одговори за тоа колкав личен имот имаат архиепископот г.г. Стефан и реис-ул-улема Сулејман Реџепи. Објаснувањето беше дека тие се службено отсутни од земјава, па затоа и одговорите ќе дојдат подоцна. Од Kатоличката црква воопшто не изразија подготвеност да ги примат прашањата преку електронска пошта правдајќи се со „отсутноста на бискупот“ (!?). Нашите обиди да воспоставиме контакт со надлежните од Евангелско-методистичката црква останаа безуспешни, а од Еврејската заедница добивме кус одговор:

– Еврејската заедница во РМ нема рабин кој би одговорил на вашите прашања.

Наспроти ова, духовниците од помалите религиозни групи воопшто немаа дилеми дали треба да ја откријат својата имотна состојба. Пасторот Мирчо Андреев од Евангелска црква во РМ ни откри дека целиот имот што го има му е практично наследство од неговите родители.

– Имам само наследена куќа со двор од починатите родители, 100 квадратни метри на еден кат со дворно место во струмичкото село Мокрино. Исто така, наследив седум декари ниви. Во Скопје, пак, немам стан, живеам во општина Kарпош во стан под кирија, возам автомобил „киа карнивал“ стар десет години, а сопругата има „цитроен ксантија“ стара 16 години – ни објасни Андреев, чија црква се наоѓа на улица Рузвелтова во Скопје, а во целата земја има околу десетина верски храма.

Наследена куќа и автомобил купен на кредит кој с` уште го отплаќа е сиот имот на универзитетскиот професор Иван Грозданов, кој е претседател на Сојузот на христијани-баптисти во РМ. Стан и стар автомобил како свој имот наведе и Јован Јоновски од Христијанската црква „Божји глас“.

Целиот текст на Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1