Седнала во погрешен воз, исчезнала и се појавила по 37 години


Џијанг Ај-ву (43) кога имала 6 години се качила на погрешен воз а по 37 години и се случило нешто неверојатно.

Во своето родно место, провинцијата Хуан на југот од Кина, се изгубила кога со локалниот воз се обидела да се врати дома.

dete-voz-Не знаев кај се наоѓам. Од еден погрешен воз се качив во друг и така во круг. Што повече се обидувава да се вратам дома, шансите се намалуваа, објаснувала таа низ солзи.

Уплашеното мало девојче завршило на 725 километри од дома во една провинција во Џијангсу во источна Кина, каде државата и обезбедила старателско семејство.

-Отсекогаш сакав да си ги пронајдам вистинските родители, но бев малечка а не ја ни знаев адресата. Се трудев да уживам во живото кој го имав но секогаш потајно се надевав дека ќе си ги пронајдам вистинските родители или дека тие еден ден ќе дојдам кај мене, изјавила Џијанг.

Во меѓувреме нејзините родители спровеле потрага, која била безуспешна. Се додека еден ден не заѕвонил домашниот телефон на нејзината мајка и од другата страна слушнала женски глас кој ја запрашал дали некогаш имала ќерка која ја изгубила.

Пресреќната Ај-ву сега повторно е соединета со нејзиното семејство, на кое мора повторно да се навикне, со оглед на фактот што сега бројот е далеку поголем.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1