Секојдневното туширање би можело да стане работа на минатото, ако земе чекор новиот тренд на „хигиенска редукција“.
Наместо секојдневно капење, заговорниците на овој тренд сметаат дека е доволно да се миеме само еднаш два пати неделно, бидејќи со честото туширање, наводно, кожата и косата ослободуваат корисни природни маснотии.
Иако ова можеби звучи одвратно, изгледа дека многумина сметаат дека има вистина во ова, со оглед на тоа што истражувањето кое го спровело еден британски произведувач на хартиени марамчиња, покажало дека дури 41 отсто мажи и 33 отсто жени во оваа земја не се тушираат секојдневно.
Студијата исто така покажува дека дури 12 отсто се бањат еднаш неделно. Дури 37 отсто од младите признаваат дека дневната хигиена подразбира користење само на дезодоранси. Она што експертите им го замеруваат на своите сограѓани е тоа што не ги мијат рацете доволно, бидејќи Британскиот совет за хигиена откри дека дури половина од популацијата тоа го прават и помалку од пет пати дневно.
„Се додека луѓето ги мијат рацете доволно често и водат сметка за деловите на телото под половините, доволно е да се тушираат секој втор ден. Дури и два пати неделно е во ред. Би требал ода се бањаме за да ги спречиме инфекциите, а не за да мирисаме подобро“, вели Џон Оксфорд, професор по вирологија.