Колку е здрава туршијата?


При правењето туршија доаѓа до одредени промени во вкусот и текстурата на зеленчукот, поради бактериите кои се создаваат при вриењето на млечната киселина. Овие бактерии го покачуваат количеството на млечна киселина во зеленчукот на сметка на скробот, шеќерите и витамините, но имаат и добра страна – помагаат во варењето на храната, апсорбирањето на хранливите состојки на храната, а ги штитат и цревата.

И покрај намалувањето на хранливата вредност на зеленчукот од туршијата, таа сè уште е еден од најважните извори на витамини и минерали во зимскиот период. Така на пример, 100 грама кисела зелка ќе ве снабди со 3 грама јаглехидрати, 1,7 грама протеини, 0,2 грама масти, 1,6 грама целулоза, 715 милиграми натриум, 232,2 милиграми калиум, 0,5 милиграми железо и 16 милиграми витамин Ц.

Лошата страна на туршијата е големото количество натриум кој го содржи. Солта и другите адитиви кои се додаваат при нејзината поготовката, се причина таа да не се препорачува на оние кои имаат срцеви проблеми, висок крвен притисок, проблеми со бубрезите, чир во желудникот или воспаленија на системот за варење.

Затоа нутриционистите препорачуваат туршијата да се припрема со што е можно помалку сол и без никакво користење на адитиви и конзерванси. Вака конзервираниот зеленчук е одличен за консумација и е пожелно да се јаде што почесто.

Сепак, доколку веќе сте ја приготвиле туршијата за оваа зима, препорачливо е пред консумирањето да ја измиете со чиста вода, со што ќе се елиминира еден дел од солите кои ги содржи.

Lady.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1