Пред отприлика 252 милиони години, дошло до екстремно изумирање на животот на Земјата- 70% од копнените животни и 96% од морските видови престанале да постојат
Во прашање било изумирањето познато како Големото изумирање. Она што научниците не знаат, е причината за ова масовно исчезнување на животот, но сега барем знаат колку траел истиот.
Според нив, се се случувало многу брзо и траело 60.000 години. Ова од геолошка перспектива било практично инстант изумирање.
Истражувачите до оваа бројка дошле со користење на врвна технологија на мали минерали пронајдени во камењата во Кина кои се од тој период.
Меѓутоа, камењата исто така содржеле и јаглерод диоксид, а оттаму истражувачите утврдиле дека 10 до 20.000 години пред изумирањето, дошло до зголемување на неговата концентрација. Тоа е причината поради која океаните станале покисели и значително потопли.
Меѓутоа, која е причината за зголемената концентрација на јаглерод диоксид која го започнала почетокот на крајот?
Истражувачите сега ја проценуваат староста на камењата од Сибир, за да се обидат да утврдат дали вулканските ерупции биле виновни за зголемената количина на јаглерод диоксид.