Грк се обидел да прошверцува античка монета на скопскиот аеродром


Грчки државјанин се обидел да прошверцува античка монета на скопскиот аеродром Александар Велики, информираат од Царинската управа.

monetaНа барање на аеродромската рентген служба, царинските службеници извршија контрола на чекираниот багаж на патникот, при што пронајдени се монети од поново време, што немаат вредност, но при извршениот личен претрес на патникот, во џеб од неговата јакна пронајдена е една монета од антички период, за која патникот не поседувал никаков документ за потекло.

Заради утврдување на потеклото на монетата, истата ќе биде предадена на вештачење во Управата за заштита на културно наследство.

Во текот на минатата недела и викендот царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење стока.

Во заплената на Царина се и 166 штеки цигари со македонски акцизни маркички, откриени во два одвоени случаи, на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на чекираниот багаж на двајца македонски државјани, пријавени за излез од државата.

Во првиот случај, патникот кој имал намера да отпатува со лет за Љубљана, се обидел во својот багаж нелегално да изнесе 106 штеки цигари West, Rodeo, San Slims и Davidoff.

Во вториот случај, во багажот на патник кој имал намера да отпатува со лет за Лондон, откриени се 60 штеки цигари Karelia Slims .

Вкупно 5.000 евра, се откриени на царинската испостава Блаце-патнички промет, при личен претрес на косовски државјанин, кој управувајќи со патничкото возило со косовски регистарски таблички, се пријавил за влез во државата. На прашање на царинските службеници, возачот пријавил дека со себе носи 10 илјади евра, но при личен претрес кај него биле пронајдени 15 илјади евра. Согласно законските прописи, 10 илјади евра – износ што нерезидент може слободно да го внесе во државата му се вратени, додека 5-те илјади евра привремено се задржани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1