Јавното претпријатие “Комунална хигиена” за наредната година најавува дека се разгледува можноста за плаќање на давачки за смет според количината која што е фрлена.
– Има повеќе критериуми според кои може да се наплаќа за смет. Во некои европски земји се наплаќа по бројот на членови на семејното домаќинство, а за фирмите и компаниите има посебна тарифа. Во моментов ја разгледуваме можноста да воведеме систематизирано плаќање за фирмите или рестораните кои прават поголеми количества или фрлаат специфичен смет, вели Ракип Дочи, директор на претпријатието.
Извор Вечер