Семејствата во просек заедно поминуваат само осум часа неделно. За време на викендот ситуацијата е малку подобра, а родителите и децата заедно поминуваат два часа и 20 минути.
Но, дури и кога се заедно седум од десет родители велат дека тоа време го минуваат во тишина пред телевизорот, компјутерот или читајќи нешто, бидејќи едноставно се премногу уморни за да зборуваат, покажуваат резултатите од истражувањето, кое го спроведоа „Врџн Холидејс“ и „Јуниверсл Орландо Ресорт“ на две илјади испитаници.
Резултатите покажале дека децата заминуваат во посета на своите баби и дедовци само шестпати годишно, што им пречи на родителите. Имено дури 65 проценти од нив открија дека за време на празниците планираат да ги остават децата кај бабите и дедовците, со цел заедно да поминат одредено време.
Дури половина од родителите откриле дека единственото време, кое навистина го поминуваат заедно е за време на празници, далеку од обврските, кои ги чекаат дома.
Интересно е и дека половина од испитаниците годишниот одмор го земаат најмногу за да бидат заедно со своите деца.
Родителите премногу време поминуваат на работа, децата во училиште и градинка, а потоа ги извршуваат вообичаените активности или си играат со своите врсници.
Посетите на бабите и дедовците, како и на останатите членови на семејството се сведуваат само на специјални прилики или меѓу активностите за време на викендот.
Главни причини, поради кои со семејството не поминувате доволно време:
– Премногу работите
– Кога сте дома децата се во училиште
– Децата често гледаат телевизија
– Децата често играат компјтерски игри
– Децата се во години кога веќе не сакаат да поминуваат време со вас
– Децата се надвор и си играат со пријателите
– Времето пред спиење го минуваат учејќи
– Поминувате време на разни спортски и други активности.
Denesen.mk