Партиски реклами во речиси секој медиум, од телевизија преку весник до интернет портали, митинзи во секој град и село, изборен штаб во секое маало, најмени простории, партиски химни со неколку пеjачи, изнајмени автобуси, плакати, флаери, брошури со програми и каталози. Ова се само дел од трошоците на партиите за време на изборната кампања.
Според законот, партиите за локалните избори смеат да потрошат 180 денари по глас или по три евра, тоа значи дека секоја од партиите ќе може да потроши околу 5 милиони и кусур евра за оваа кампања.
Државната изборна комисија за подготовките околу локалните избори ќе потроши над 2 милиони евра. Тие пари се предвидени за изработка и печатење на гласачки ливчиња, околу 20 отсто од вкупните расходи се предвидени за изборен материјал односно печати, перничиња и друго.