Какво време нѐ очекува


Променливо облачно време претпладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Од пладневните часови ќе има зголемена облачност од која понекаде во планините е можна и појава на слаб краткотраен дожд. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 25 степени.oblaci i sonce nacrtano

Во Скопје времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има краткотрајно зголемување на облачноста. Температурата во интервал од 8 до 21° С.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност и со свежи, на места и студени утра. Дневната температура ќе биде без значителни промени. Од вторник облачноста сосема ќе се намали и од среда до крајот на работната недела па и во првиот ден од викендот ќе биде претежно сончево и малку потопло.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1