НОВА ЕМИСИЈА НА ТВ НОВА: ОКО „под лупа“ ги стави социјалните медиуми и хуморот


ТВ Нова ја претставува новата емисија чијашто премиера беше емитувана денеска. Различни теми од социјалниот живот, политиката и сето она што е во ваш интерес ќе биде дел од „ОКО“, секоја недела во 14 часот.

-Око ќе гледа без очила, ќе ѕирка зад завесите и ќе се потруди да не им дозволи на сејачите на политичка магла да ни го заматат видот. ТВ Нова ќе продолжи да работи професионално, со истенчен вкус, висок стандард и квалитетни содржини што ќе ви отворат нови видици. Останете со нашата програма и почувствувајте ја веста, објавува телевизијата на својот сајт.oko-goran-petreski-640x369

Социјалните медиуми, хуморот, фановите, но и „хејтерите“ беа дел од темите во премиерната емисија „ОКО“ на ТВ Нова со Горан Петрески.

Гости во првата емисија беа Богдан Илиевски – колумнист и прочуен Фејсбук и Твитер автор, и Борис Дамовски – сценарист и дел од тимот на „Еднооки“. Тие зборуваа за реакциите на публиката, нивниот таргет, но и како се справуваат со критиките што доаѓаат заедно со популарноста. Колку нивните пораки и работа влијаат врз формирањето на јавното мислење?

-Сум немал лична мисија да креирам јавно мислење, сум пишувал на социјалните мрежи зашто ми било интересно, не со идеја дека ќе влијаам. Реакции има од крајност до крајност -од такви што велат – врати се од селото од кое што дојде, до такви што велат – Браво, добро им го кажа ова. Се навикнав сето тоа да биде нормално, не ме возбудува премногу и го сфаќам како дел од работата. Сатирата врз здрав разум нуди влијание кај луѓе што размислуваат со своја глава“, истакна Богдан Илиевски, кај јавноста познат како Бетмен.

-Хејтерите претежно се на политичка база. Сметам дека поголем дел од здраворазмислувачката публика си остана верна на „Еднооки“. Ние постоиме 10 години, во тие години се сменија многу нешта и на цивилизациско и на медиско и на политичко и социјално ниво. Кога започнувавме актуелна беше аферата „Фабрика“, каде новинари со координирани спинови настапуваа за да го одржат имиџот на актуелната влада. Тоа беше дел од мотивот за да започнам со Еднооки“, истакна Дамовски и додаде дека нивниот таргет се неопределените гласачи.

„Неопределените гласачи се одлучувачки фактор и во јавното мислење и во политичките победи. Ние таргетираме таму“, заклучи Дамовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1