Се вели дека човекот може да се прочита од лицето. Многу научници долго се заинтригирани од овој став, па се обидоа научно да докажат дали од човечкото лице навистина може да се прочита кој човек каков е… Кон крајот на минатата година е завршено истражување на тема во врска со интелигенцијата и цртите на лицето (поточно морфологијата), а резултатите се објавени неодамна. На истражувањето работеа чешки психолози и филозофи на чело со Карел Клеиснер, а накусо ова се неговите резултати:
Мажите можат да се оценат како интелигентни или не, според цртите на лицето. Кога се работи за жените, научниците потврдија дека женското лице не говори за интелигенцијата. Поточно говори, но набљудувачот не може да оцени бидејќи предност има привлечноста, попривлечните жени се доживуваат како поинтелигентни, што не е правило.
Правило е дека поинтелигентни (и мажи и жени) се тие кои имаат потесно лице, помала брада, поголем и подолг нос. Спротивно, широко лице, масивна брада и помал нос, зборуваат за помал коефициент на интелигенција.
Овие три фотографии и скици говорат за стандардот на понизок, среден и висок коефициент на интелигенција кај мажите и жените.
Истражувањето покажа и дека привлечноста значително влијае на впечатокот дали лицето е интелигентно или не, иако тоа според овие истражувачи само е последица на хало ефект (кога луѓето ги проценуваме врз основ на првиот впечаток).
Уште нешто интересно е заклучено: насмеаните лица набљудувачите ги оценуваат како поинтелигентни, додека намрштените како неинтелигентни. Исто е и со довербата – луѓето повеќе веруваат во насмевката на лицето. Затоа, ако сакате да оставите впечаток на интелигентно лице, смејте се, вели Карел Клеиснер.
Сител