Колку „тежи“ Емил Димитриев – новиот технички премиер?


Речиси 14 илјади евра „тежи“ новиот технички премиер Емил Димитриев. Во имотниот лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, кој не е ажуриран од моментот кога Димитриев ја извршуваше функцијата заменик министер за одбрана, вредноста на неговиот имот се проценува во вкупен износ од 855,000 денари, односно речиси 14.000 евра, пишува Капитал

Како личен имот, Димитриев пријавил само автомобил Опел Астра 2007/2008 година, која според проценките вреди 750.000 денари, како и побарувања од 60.000 денари за извршена работа.Emil-Dimitriev

На име на родителите, новиот тенхнички премиер има куќа од 300 м2 и земјоделско земјиште од 50.000 м2, и двата во Пробиштип за кои нема наведено вредност. Во анкетниот лист, како имот на родители тој ги навел и нивните плати – во вкупен износ од 15.000 денари.

Имотот што го пријавил од неговата жена се само парични средства, во износ од 20.000 денари, додека  пак на име на своите деца пријавил средства во говото од 10.000 денари.

Тој во 2011 година станува пратеник, а претходно работеше како заменик министер за одбрана.Предходно тој работел во ХС Злетовица и во советот на Општина Пробиштип.

Димитриев е социолог, но има диплома и од Воената академија за резервни офицерии. Роден е во 1979 година во Пробиштип.

Капитал.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1