Ги чита ли Microsoft нашите разговори на Skype или само ги чува корисниците од спам и малициозни URL-ви? Ова прашање се наметнува откако порталот H Security доби пријава од еден свој член кој забележал дека сите HTTPS URL-ви испратени преку Skype се посетени од IP адресата на Microsoft.
Тимот на H Security го провери ова тврдење со испраќање на два пробни HTTPS URL, еден кој содржел логин информации и втор за приватен сервис за размена на датотеки.
Неколку часа потоа, забележано е дека секој од URL-та кој е испратен преку Skype порака посетен е од IP адреса во Редмонд. Серверите чии логови се прегледани, членовите на H Security забележале дека се посетени од IP адресата 65.52.100.214 која му припаѓа на Microsoft.
Двата URL кои ги тестираше H Security воделе до енкриптирани веб страни кои често содржат единствени податоци за сесија или други доверливи податоци, а интересно е дека до HTTP URL не им е пристапено.Посетувајќи ги овие страни, Microsoft користел и логин податоци, како и посебно креиран URL за сервис за размена на датотеки.На некои од овие обвинувања Microsoft одговорил дека не станува збор за шпионирање на корисниците на Skype туку за скенирање на URL-та за да се откријат малициозните и останатите штетни линкови.
Таквата можност образложена е и во документ за политиката на заштита на податоците на Skype каде пишува “Skype може да користи автоматско скенирање во Instant Messages и SMS пораки за да ги идентификува сомнителните спам URL-a и/или да ги идентификува URL-та кои порано веќе биле означени како спам, изама или phishing линкови“.
H Security не е премногу разуверен во аргументите на компанијата, бидејќи, како што велат спам и phishing сајтовите не се наоѓаат на HTTPS страните, додека од друга страна HTTP URL-те кои можат да бидат во служба на спам или phishing, практично остануваат непроверени.
Во секој случај ова е уште едно предупредување да внимавате како се служите со online комуникацијата.
Idividi.com.mk