Колку вистинско месо има во саламите – во Македонија поим немаме – дури догодина ќе се анализира


Салами, шунки, паризери, чајни колбаси, мортадели, кулени и конзервирани производи што ги купуваме од маркетите се редовен дел од трпезата на речиси секое македонско семејство. Но дали и колку месо има во овие месни производи, продукти од месо или колбаси?

salamiОдговор на ова прашање може да се добие ако се прочита декларацијата на увезените преработки од странство. На најголем дел од домашните таков податок не е наведен. Па, во недостиг од информација, купувачите што имаат навика да читаат декларации за да знаат што јадат се прашуваат дали воопшто јадат месо кога ќе купат некоја салама и колку. Така, најверојатно, ќе биде до Нова година, пишува Нова Македонија.

На најголем дел декларации наведено е пример дека содржи свинско месо од прва и втора категорија, но не и колку. Тоа значи дека може да има и само еден процент месо. Во производството може да се користат низа додатоци, меѓу кои се соја, колаген, брашно, лебни трошки…

– Ако не се од месо, не може да се нарекуваат салами. Има недостатоци во декларирањето. Во моментов фирмите се престројуваат и преку Стопанската комора прашаа за инструкции за сите да бидат усогласени во декларирањето. Уште два-три месеци ќе имаме шареноликост и од Нова година очекуваме усогласување – вели Догани.

Повеќе на – Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1