Колку вреди вашиот идентитет на црниот пазар?


Секој ден се логирате во вашиот е-маил и профилот на социјалните медиуми за да комуницирате со вашите пријатели, семејство и колеги.

Можеби помалку често, се логирате на вашата омилена е-рекламна платформа, или вашата сметка во банка за да ги проверите вашите фондови. И од време на време, ги ставате информациите за вашата кредитна картичка токму на овие страни.

Сите овие информации во рацете на вистинскиот хакер може да бидат продадени на онлајн црниот пазар.

60770128-internet-bankarstvo-racunalo-karticaПодатоците на социјалните медиуми е само мал дел од овој црн маркет

Деновиве на интернет кружи информацијата за софистицираниот онлајн вирус „Zeus“ – создаден да подига информации за критичните кредитни картички и да создава лајкови на Инстаграм.

Колку всушност се вредни вашите информации?

„Нашиот тим ги надгледува онлајн каналите на измамите вклучувајќи ги и веб локациите каде што криминалците разменуваат информации, нудат алатки и сервиси за измама и тргуваат со украдени информации“, вели Идан Ахрони, дирекотр на „RSA Cyber Intelligence“.

Па, колку е вредна една социјална платформа? Ахарони индицира дека тешко е да се дават претпоставки и да се прават споредби меѓу нив, меѓутоа „Twitter“ останува на врвот. Доколку сакате да добиете информации за претплатниците, 10.000 претплатници чинат околу 15 долари, додека 100.000 чинат околу 115 долари. „Facebook“ е тука некаде со околу 1.000 лајкови за 15 долари, а 10.000 лајкови, 100 долари.

„Врз основа на она што го гледаме во последно време, иако финансиската измама е главната цел на повеќето хакери, моментално има поголем интерес за социјалните профили“, вели Ахарони.

Но, финансиските информации сепак остануваат најценетите. Ахарони вели дека една од најскапите пакети се кредитната картичка, социјалниот број, моминското име на мајката на жртвата – кои може да чинат од 4 до 5 долари по лице. Овие се скапи затоа што со нив хакерот може да зема кредити или позајмици од банката.

Затоа, потребно е да размислите два пати кога притискате на некој сомнителен меил или кога ја давате вашата кредитна картичка на некоја веб страна. Некој би можел да ги купи вашите информации за помалку од долар.

Fakulteti

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1