Обвинетиот Никола Митевски Кољо беше осуден на 15 години затвор за настаните на 27. април. Од обраќањето на Кољо се сфати дека тој не е задоволен што добил казна од 15 години, а Нинџа, иако не го именуваше добил 8 години затвор.
Кољо рече и дека претходно посочил дека нема да се жали на пресудата, бидејќи верувал во судијката Добрила Кацарска, но сега се предомисли.
– Нема да бегам и доколку Апелација ми ја потврди затворската казна. Не барам да ми се укине притворот бидејќи сам се пријавив и двата пати. За едно исто кривично дело, за еден шамар и скршена врата добив 12 месеци притвор, а други се амнестирани. Реков и дека нема да се жалам на пресудата бидејќи верувам во вас, но за исто кривично дело некој да добие 15 години, а некој под законскиот минимум, зошто на обвинителството му одговараше што зборува, е на тоа ќе се жалам, рече Митевски.