Колосеумот во Рим ќе се сруши од копањата за метро


На Колосеумот, една од најпознатите градби на светот и симбол на италијанската престолнина, му се заканува опасност од уривање доколку властите го остварат својот план во негова близина да изградат станица за метро, предупреди здружението за заштита на културното наследство „Наша Италија“.

koleseum rimНа Колосеумот, една од најпознатите градби на светот и симбол на италијанската престолнина, му се заканува опасност од уривање доколку властите го остварат својот план во негова близина да изградат станица за метро, предупреди здружението за заштита на културното наследство „Наша Италија“.

Според претседателот на ова здружение Карло Рип ди Меана, поради ископувања во непосредна близина на Колосеумот темелите на оваа градба би можеле да попуштат.

Поради тоа „Наша Италија“ бара од судот да забрани изградба на станица за метро во близина на Колосеумот, доколку тоа претходно не го направи началникот на Националниот архиолошки завод за заштита на спомениците.

Според плановите на властите, на само неколку десетина метри од Колосеумот треба да се започне со копање тунел на длабочина од 50 метри, кој ќе ги спои линиите на метрото Б и Ц. Градежните работи би требало да траат до 2020 година.

Колосеумот е една од најпознатите градби во светот, која датира уште од првиот век и секоја година ја посетуваат најмалку пет милиони луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1