Именувањето на Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, не престанува да ја бранува јавноста.
Во конфликтот од 2001 година во кој загинаа 75 припаднции на македонските безбедносни сили, Командант Хоџа беше еден од командантите на ОНА.
За командантите вели дека е горд на нив и сега му се другари.
-Јас сум горд што ми биле другари, се бореле како лавови. Биле предадени и сепак издржале се до последен момент онака како што им доликува на јунаците слични на Мит Соколи на нашата нација, рече тој во интервју за KTV.
Актуелниот советник на Заев искажува своевидна гордост за големиот број на припадници на македонските безбедносни сили во тоа време.
-Да кажам само еден пример, единицата Тигри има 520 припадници кои што важат за најсилни и најтренирани во Македонија. Од нив 8 се убиени и 37 ранети. Ако ги поделиш излегува дека 10 % од најсилната полициска единица во Македонија се елиминираше. Да не зборуваме за деморализирање на останатите кои, според информациите што ги имаме се со големи трауми, истакна командант Хоџа.
Кобниот 9-ти мај во 2015-та година се случи антитерористичката акција на македонската полиција во која осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на својата татковина.
Убиени беа следниве припадници на специјалните единици на македонската полиција:
Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово
Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар
Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово
Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје
Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје