Денеска по пет месеци затвор, на слобода од затворот „Шутка“ во Скопје излезе Никола Георгиев, попознат како Командант Коки- објави „ПлусИнфо“.
Коки беше во затвор поради напад на службено лице за време на вршење на службена должност.
Судот донесе одлука Коки да добие затворска казна од шест месеци но за негово ослободување еден месец порано одлучил Основниот суд Скопје 1.