Комерцијална и Тутунска го послушаа премиерот – ќе простуваат долгови на граѓани


Банките се вклучуваат во владиниот проект за отпис на долгови на граѓаните. Ваква потврда за Фактор стигна од двете најголеми банки во земјава, Комерцијална банка и Тутунска банка. Првиот човек на Комерцијална банка, Хари Костов и на Тутунска банка, Ѓорги Јанчевски потврдуваат дека одлуката за отпис на долговите е веќе донесена во нивните банки,пишува порталот Фактор.мк.

denari_191010„Надзорниот одбор на Комерцијална банка на седницата одржана на 31 јули донесе одлука банката да учествува на јавниот повик“, изјави Хари Костов за Фактор.

На истиот ден, одлука за отпис на долговите е донесена и во Тутунска банка.

„Ние ќе се пријавиме, нашиот Надзорен одбор донесе одлуката за тоа на 31 јули“, изјави за Фактор Ѓорги Јанчевски.

Повикот од премиерот до приватните компании да се вклучат во изборното ветување на неговата партија дека на најсиромашните ке им ги отпише долговите во стручната јавност се оценува како притисок од владата.

– Обраќањето на премиерот не е ништо друго, туку еден вид притисок врз приватните компании да му излезат во пресрет за исполнување на ветувањето коешто го даде пред изборите. Владата се наоѓа во ситуација во која мора да исполни едно предизборно ветување, а не може, оти буџетот е празен. Во такви услови сега користи методи несвојствени за пазарната економија – оценува економскиот аналитичар Слободан Најдовски за радио Слободна Европа.

– Тоа е растројство на пазарниот систем и на правниот систем во државата. Има други начини за социјална политика. Ова е обично лажење на народот и во функција на пропаганда – вели Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии за Слободна Европа.

Кога Влада на држава во предизборна кампања ветува отпишување на долгови од типот неплатени сметки за вода,струја,кредити,а истовремено е на власт скоро една декада,само за себе тоа говори дека ТАА НЕ ЗНАЕ или НЕ САКА да води социјална политика.Да го доведете народот до тој степен на сиромаштија е СРАМ за сите нас,но најголем виновник е ВЛАДАТА а секако и народот кој ја избрал, коментира за Либертас долгогодишен бзнисмен. Тој вели дека не ја подржува оваа мерка на владата и смета дека на државата и е потребна влада која ке биде одговорна за развојот на државата за да граганите живеат достоинствено. Сакам достоинствен народ а не потклекнат од беда. Ми доага уџум да фатам од државава да не го гледам ова мајтапење со мојот напатен народ,коментира бизнисменот. Вакво мислење делат повекето од повиканите од премиерот да имале осет за општествена “одговорност“ и да се вклучеле во остварување на неговото предизборно ветување дека ке отпишува долгово за неплатена струја,вода,парно, па дури и на платежни картички во банките.

Со отписот на долговите се очекува да бидат опфатени 50.000 – 100 000 грагани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1