Ало, докторе: Здравствени совети ќе добиваме преку телефон


Во рамки на Програмата „Здравје за сите“, Министерството за здравство ја најави реализацијата на проектот „Телефонска линија за медицински совети – Ало Докторе!”. За таа цел Министерството за здравство објави и јавен оглас на кој се повикуваат лекари специјалисти да земат активно учество во овој проект, и кои би работеле во новоформиран повикувачки центар кој ќе обезбедува соодветни здравствени услуги (консултации и упатства), за сите граѓани на Република Македонија.

alo centrala telefonДокторите кои ќе работат во овој центар, потребно е да бидат доктори на медицина или специјалисти од која било специјалност во медицината, со најмалку 10-годишно работно искуство како доктори, особено од областа на интерна медицина, анестезиологија, педијатрија, трауматологија,  инфектологија, кардиологија и неврологија.

Министерството за здравство со докторите кои ќе бидат селектирани, во рамки на Програмата „Здравје за сите“ ќе склучи посебен договор, кој ќе вклучува работа во смени со времетраење од 48 часа, а може и 12 часа во една смена.

Докторите во повикувачкиот центар од „Ало Докторе“, ќе  бидат поврзани со Мој Термин и ќе можат да му помогнат на пациентот со известување за следните чекори во однос на извршената телефонска консултација. Комуникацијата меѓу докторите и пациентите ќе се снима, а бројот ќе биде достапен 24 часа, 7 дена во неделата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1