Комисијата за заразни болести одлучи – 4 на маса во кафеана, нема пејачи и дискотеки


На маса во кафена максимум ќе седат четворца наместо досега дозволените 12. Во угостителските објекти се забранува гостување на пејачи и диџеи, одлучи денеска Комисијата за заразни болести чии предлози министерот Венко Филипче ќе ги одбразложува на вечерашната владина седница, јавува Сител.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Од Комисијата се категорични дека никогаш не дозволиле работа на дискотеки и ноќни клубови кои всушност овој период работат без почитување на работното време. Комисијата ќе и препорача на Владата и колку гласна треба да биде музиката во објектите – предлагаат 50 децибели за да не мора гостите во објектите да си шепкаат на уво и да се доближуваат многу блиску за да можат да зборуваат со што ќе ги почитуваат мерките за заштита од вирусот.

Денешниот состанок на Комисијата кој го свика министерот за здравство е поради алармантното зголемување на бројот на новозаразени со Ковид 19. На состанокот членовите заклучиле дека во последните две недели новите случаи со корона се помлади лица кои одат по журки.

Засега нема кратење на работното време на угостителските објекти, додека, пак, за ограничување на бројот на патници во јавниот превоз Комисијата ќе расправа на утрешниот состанок.

ова се дел од мерките:

  • Забрана за гостување на ДЈ и пејачи во угостителски објекти
  • Да се почитува забраната донесена од Владата за неработење на дискотеките
  • До 55db ограничување на гласноста на музиката
  • Намалување на бројот на луѓе кои седат на една маса во угостителските објекти од 12 на 4.

Владата за 18 часот закажа седница на која ќе одлучува дали ќе ги прифати овие мерки.

„Сметаме дека ова се апсолутно оправадни мерки, дека се добар период кога треба да се имплементираат. Секако ја пратиме ситуацијата и понатаму доколку треба имаме план и за дополнителни рестрикции ако тоа се изнуди“, изјави Филипче, за телевизија Канал 5.

„Имаме зголемување на бројот на случаи во сите возразни групи над 20, нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 и под 10 години. Тука е иста бројката. Најголем раст има во возрасната група од 20 до 30 години од 50 проценти и нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години“, изјави Филипче.

Министерот за здравство посочи дека една од можните мерки, понатаму е и ограничување на работа на одредени економски субјекти и на бројот на луѓе во јавниот превоз и мерката за носење маски на отворено.

„Се уште е рано, затоа што тоа значи освен превентивна мерка за корона и заштита од сезонски грип, настинки во ладното време и секако од загаден воздух. Значи би размислувале во подоцнежните есенски месеци за сите други мерки“ изјави Филипче.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1