Комисија ќе ги враќа волонтерките кои биле избркани поради бременост


Волонтерките во јавните здравствени установи на кои не им бил продолжен договорот за волонтирање поради бременост или породување, и кои сега не може да стапат во редовен однос согласно новиот Закон за трансформација во редовен работен однос, ќе може да поднесат барање до специјална комисија за нивните случаи, која ја формираше Министерството за здравство.Klinicki-centar-ulica

– Со разгледување на веродостојната медицинска документација – потребни се само 2 документа: отпусно писмо од родилиште и извод од матична книга на родените за детето, Комисијата издава потврда за исполнетоста на условот за прекин на ангажманот – , рече Тодоров и ги повика сите лица кои ги исполнуваат условите предвидени во овој Закон, а чии договори биле прекинати поради бременост, раѓање и/или мајчинство, да достават документација која оваа Стручна комисија ќе ја разгледа.

Исто така, покрај списокот на лица, укажа министерот, на видно место е објавен и текст од Законот за трансформација во редовен работен однос со законските измени, како и автентичното толкување на Законот, а истакната е и меил-адресата: [email protected], на која лицата ангажирани во јавните здравствени установи можат да доставуваат забелешки, со конкретни докази согласно Законот (забелешките со доказите потребно е да ги достават и до директорот на установата).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1