И денес дожд и ниска температура – од недела потопло


Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне врнежите постепено ќе се намалуваат.

Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието, утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од седум до 13 степени.dozd

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно и релативно топло време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1