Комисија при ЈОРМ: До 10 часот не е пријавен посериозен инцидент


Комисијата за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот информира дека до 10.00 часот утринава не е пријавен кривично правен настан или посериозен инцидент кој би значел повреда на правото на гласање и противзаконито дејствување предвидено во Глава 16 – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот.

Во соопштението наведуваат дека дежурни јавни обвинители во сите Основни и Виши јавни обвинителства го следат процесот на гласање и се подготвени да ги преземат сите потребни дејствија за откривање и гонење на сторители на кривични дела кои се поврзани со процесот на гласање за референдумот.

– Јавното обвинителство е во постојана комуникација и координација со Министерството за внатрешни работи и дадени се насоки за итно преземање мерки за прибирање докази за евентуално сторени противправности и попречување на правото на глас на граѓаните, стои во соопштениет во кое се додава дека јавното обвинителство во континуитет ќе продолжи будно да ги следи случувањата во текот на денешниот ден.

Посочуваат дека за сите незаконитости веднаш ќе бидат преземени со закон определените мерки согласно надлежноста на јавното обвинителство.​

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1