Комисијата изгласа симнување на имунитетот на шест пратеници


Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања изгласа одобрување на барањето на судот за симнување на имунитетот на шесте пратеници од опозицијата.

За сите шест пратеници Комисијата беше едногласна односно петмина пратеници членови на Комисијата кои присуствуваа на седницага гласаа „за“. На седницата не присуствуваа пратениците членови од ВМРО-ДПМНЕ, но бидејќи имаше кворум таа се одржа.

Сега, претседателот на Комисијата Павле Богоевски ќе треба да поднесе известување до Собранието кое на пленарна седница ќе гласа за дефинитивна одлука. За да им се симне имунитетот потребни се 61 глас.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1