Комитата ја одзел шок-бомбата од полицаец и ја активирал, повеќе повредени


Еден навивач на навивачката група „Комити” ја изгуби раката од подлактицата надолу, друг се здоби со отворена рана на ногата а трет со сериозни повреди на градниот кош, додека неколкумина се полесно повредени од инцидентот што се случи на трибината каде што беа сместени „Комитите”.komiti1

– На само две три минути пред крајот на натпреварот, кога победата на Вардар не доаѓаше во прашање, без никаква причина еден од навивачите на Комитите му ја одзеде шок бомбата на еден од полицајците и ја активираше. Во тој момент тој ја загуби половината од раката, а навивачите кои беа во негова близина, се здобија со посериозни и полесни повреди. Повредени се и неколку полицајци, пишува „Нова Македонија”.

Брзата помош во Битола има полни раце работа, а додека да се испратат Комитите, стадионот е блокиран. Засега нема подетални информации за тоа, како дојде до овој инцидент.

Tera.mk

Во меѓувреме телевизија Тера ја отстрани оваа вест од својот сајт.

Според информациите пак на Нова Македонија еве што се случило

Комитите се гневни затоа што специјалците најпрво доцна ги спровеле на трибината, како што велат при крајот на првото полувреме, а потоа на 10 минути пред крајот се обиделе да ги отстранат од трибината.
Поради тесниот влез, дошло до туркање, а специјалците употребиле сила. Навивачите тврдат дека наводно „Турчин“ ја зел шок бомбата од полицаецот, за да ја фрли на теренот и да се заштити, но во тоа туркање никој не знае како таа експлодирала, пишува Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1