Комората на Северозападна во одбрана на своите бизнисмени – во Аеродром и Карпош да не бидат незаконски спречувани да градат


Стопанската комора на северозападна Македонија застана зад своите бизнисмени кои имаат проблеми со изградбата на своите објекти. Децидно побараа од локалните и од централните власти да не му прават опструкции на бизнисот со непотребни бариери, да ги почитуваат законите, наместо да ги менуваат одлуките и деталните урбанистички планови преку ноќ. Инвеститорите мора да имаат правна заштита и сигурност, а не да бидат стопирани да градат и покрај тоа што ги исполниле сите барани услови.

Инвеститорот на станбената зграда која се гради кај „Мајчин дом“ Фатмир Етеми вели дека без оглед на моменталната забрана издадена од општината објектот ќе продолжи да се гради бидејќи ги има обезбедено сите потребни документи за реализација на проектот.

Фатмир Етеми, вели дека неговата компанија цела година ги подготвувала документите за оваа локација. Има добиено правослино одобрение за градба, но градоначакникот Златко Марин ја стопираше изградбата на 15 дена, вели, заради неправилно поставена ограда, која веќе е поправена. Ние ќе продолжиме со работа после 15 дена, тврди Етеми, бидејќи вложивме многу пари и имаме ангажирано многу работници кои не можеме да ги оставиме на улица. Целта на бизнисот не е да бараме и добиеме обесштетување, туку да ги развиваме компаниите. Не може откако ќе се завршат сите постапки и инвеститорот ќе ги добие сите одобренија, некој да му каже дека не може да гради. Ако не сум имал право да градам, требало да не ни го издадат одобрението, а не да не спречуваат сега кога ни ги зедоа парите, вели Етеми.

Граѓаните биле во заблуда од политичките партии, кои манипулирале, особено од советниците кои го изгласаа ДУП-от, а сега се најгласни да протестираат, тоа е лицемерие, можел да не се изгласа ДУП-от и немаше до ова да дојде. Тврдам дека ќе има зеленило повеќе од таа ливада таму, вели Етеми.

Досега вложил 5 милиони евра, а целата инвестиција на становите е 12 милиони. Предупреди дека ако трендот на опаѓање во градежништвото продолжи, становите ќе поскапат.

И други бизнисмени имаат проблеми, конкретно со општина Карпош. Тврдат дека заради чекање одобренија за градба, таму бизнисмените имаат огромни загуби.

Пред три месеци е укинат ДУП-от поради што не можам да добијам дозвола за градба, состојбата е катастрофална. Загубите се многу големи, земено воопшто, една милијарда евра, мојата е 10 милиони, вели Ќира.
Од Еуроактива велат, имаме кристално чиста документација, а платени се и комуналии, но и тие и по неколку месеци чекаат одобрение за градба, бидејќи градоначалникот ги укинал ДУП-овите.

Јас ги платив комуналиите на 1 јуни, а ДУП-от падна по 1 месец, со плаќање на комуналиите се завршени сите процедури и градоначалникот мора по 5 дена да издаде одобрение, а јас и досега не го добив, вели Алиу.

Силно ги осудуваме дневните политики кои ги попречуваат капиталните инвестиции, а имаат единствена цел да добијат поени на сметка на бизнисот, вели Хоџа.
Вели, градежништвото во вториот квартал падна за 13 отсто, а ваквите пречки не значат само стагнација на бизнисот, туку и обесхрабрување за натамошни вложувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1